Компилација од сите "лоши (ама сеирџиски) моменти" што можеа да се најдат на интернет во последниве 2-3 години. Има доста кои веќе поминале на Кајгана, но вредат да се погледнат уште еднаш. Видео клипчето е тука.
|
|
Некои од вас можеби и слушнале за случајот со кобилата Мица. Не ми е толку смешен самиот случај, колку што ми е смешно колкав медиумски простор му отстапија. Ко Марсовци да слетале. Пази го дописникот на Канал 77 како отекува муда. Кобилата, кобилата... .mpg (940 KB)
|
|
Селекција од десетте најнеспортски моменти во американскиот спорт. Има добри, има добри... :) .wmv (7.60 MB)
|
|
Не се заебавај со змија. Поготово не со ГОЛЕМА ЗМИЈА! Rated as: Језиво .wmv (4.50 MB)
|
|
Маж и жена, на паркинг... Ама нема да се случи тоа што мислите! :) .wmv (630 KB)
|
|
Ако има волја - тогаш има начин! :) КЛИК.
|
|
"Тежи" дури 12 мега, ама секој бајт од нив се исплати. Ова ќе ви биде дефинитивно најдобрата скриена камера што сте ја погледнале. Респект за сценариото и храброста. Вие со бавен интернет - заборавете го клипчево! :) .wmv (12 MB)
|
|
Не се разочарувајте - и дебелината има забавна страна! :) .wmv (3.40 MB)
|
|
Пијан wannabe "скејтер", кој инсистира да покаже што (не)знае. Пријателите конечно се сожалуваат и му даваат една даска. Што се случува потоа? .wmv (3.30 MB)
|
|
Е како де? И јас го погледнав неколку пати, ама сеуште неможам да сфатам дали е толку вешт "финтаџија" или станува збор за монтажа. .wmv (2.90 MB)
|
|
Компилација од смешни видео моменти со оние голи батковци коипонекогаш знаат да протрчаат (и да го "размафтаат") низ спортските терени. .wmv (6.50 MB)
|
|
Ова е реакцијата на публиката. А како би реагирале вие да видите Јапонче како "лока" литро-ипол алкохол на екс за 4 секунди? Јас сигурно не би сакал ваков другар во маало! :) .wmv (2.60 MB)
|
|
Сигурно сте играле "долга магарица". Ова финта сме ја правеле и ние, но за жал никогаш не смеја снимиле :(Благодарение на мобилниот на Горан и USB кабелот на Стефан: .wmv (360 KB)
|
|
Неверојатен "анти-талент" лопов, кој за жал - сепак успева во својата намера. .wmv (5.80 MB)
|
|
Windows Vista -новиот оперативен систем на Microsoft кој беше толку бомбастично најавуван доцни речиси 2 години. Причините за доцнењетоќе ви станат доволно јасни откако ќе го погледнетеова клипчеод една презентација за медиумите.
Voice recognition рулз! :)
.wmv (2.90 MB)